За извршување на одделни работни задачи и решавање на прашања кои бараат заедничка работа од различни профили на стручни лица во рамки на установата, формирани се три постојани работни тела и тоа: Стручен колегиум, Стручен тим и Стручен совет.
Стручниот колегиум
Стручниот колегиум е советодавно тело на Директорот и работи во состав: Директор, Раководители на служби,правник, а по потреба координатори и други стручни или помошно –стручни лица.
На состаноците на Стручниот колегиум се разгледуваат прашања поврзани со целокупната работа на установата и службите во рамки на установата, и тоа: прашања од областа на организацијата на работата на установата, програмски прашања, прашања поврзани со стручната работа во установата и друго
Стручен тим
Стручниот тим во Установата се формира во рамки на секоја стручна служба и работи во состав: дефектолог, психолог, социјален работник и лекар. Работата на стручниот тим ја координира член на стручниот тим определен од Директорот на Установата.
Стручниот совет
Стручниот совет го сочинуваат сите стручни и помошно стручни лица од сите стручни служби во Установата. По потреба на овие состаноци присуствува и правникот.
Состаноците на Стручниот совет на установата ги свикува и ги раководи Директорот или во негово отсуство еден од Раководителите на службите по овластување на Директорот. Стручен совет се свикува најмалку двапати во текот на една година.