ЗА НАС
Заводот за рехабилитација на деца и младинци – Скопје е Јавна установа, дел од мрежата на Јавни установи од социјален карактер која организира услуги на вон-семејна заштита за лица со попреченост и тоа: услуга на сместување и услуга на живеење со поддршка, како и услуги во заедницата односно дневен престој и одмена на семејна грижа за лица со попреченост. Во рамки на својата дејност установата реализира и активности кои се однесуваат на превенција и рана интервенција кај лица со попреченост.
Во зависност од потребите, установата за корисниците на услугите обезбедува рехабилитација, третман, пристап до образование, стекнување на животни вештини, работно оспособување и професионална рехабилитација, поддршка при вработување, социјални, културни и рекреативни активности.
КОНТАКТ
Адреса:
ЈУ Завод за рехабилитација на деца и младинци – Скопје
ул. Втора македонска бригада бб
1000 Скопје
Телефони:
Централа: 02 2615 137
Тел./Факс: 02 2615 138
Електронска пошта:
Социјални мрежи: